И жените-земјоделки можат да остваруваат приходи

Bez autora
Oct 15 2013

Три од четири жени во руралните средини се невработени. Три во просек имаат само осановно образование и заостануваат зад жените во урбаните области. Жените од руралните средини имаат ограничени социоекономски можности, се уште се маргинализирани, во подредена состојба. Често се предмет на социјална исклученост и дискриминација врз основа на родот, не се вработени и имаат само основно образование. Според анализата "Песпективите на жените во руралните области", која беше презентирана вчера по повод националниот ден на руралната жена, тие речиси никогаш не се сопственички на имот, ниту имаат еднаков пристап до средствата за финансирање. Нивното учество во носењето деловни одлуки е многу ниско, а традиционалната улога, да седат дома и да се грижат за семејството, ги кочи во реализирањето на евентуалните идеи и бизниси.

И жените-земјоделки можат да остваруваат приходиТри од четири жени во руралните средини се невработени. Три во просек имаат само осановно образование и заостануваат зад жените во урбаните области.

Жените од руралните средини имаат ограничени социоекономски можности, се уште се маргинализирани, во подредена состојба. Често се предмет на социјална исклученост и дискриминација врз основа на родот, не се вработени и имаат само основно образование.

Според анализата "Песпективите на жените во руралните области", која беше презентирана вчера по повод националниот ден на руралната жена, тие речиси никогаш не се сопственички на имот, ниту имаат еднаков пристап до средствата за финансирање. Нивното учество во носењето деловни одлуки е многу ниско, а традиционалната улога, да седат дома и да се грижат за семејството, ги кочи во реализирањето на евентуалните идеи и бизниси.

- Жените од руралните области еднакво учествуваат во донесувањето одлуки дома и во развојот на семејното стопанство, но тоа не е доволно. Може подобро и повеќе. Бизнис-одлучувањето, сопственоста врз имотот и средствата за производство се клучните области во коишто може да се стори многу. Потребна е дополнителна заедничка работа и ангажман на државните институции, невладиниот сектор и медиумите - рече заменик-министерот за земјоделство Зоран Коњановски во обраќањето на конференцијата.

Владата, додаде тој, направи бројни обиди за да се подобри статусот на руралните жени, воедно покажа како се промовираат и практикуваат еднаквите можности. Резултатите се евидентни особено ако се земат предвид одобрените проекти и средствата исплатени преку Програмата за рурален развој.

- Во 2009 година беа одобрени 264 проекти на жени од руралните средини, во 2010 вкупно 310, а во 2011 г. од вкупниот број, 30% отпаѓаат на проекти што ги водат рурални жени. И годинава очекуваме значителен процент - посочи заменик-министерот.

Евроамбасадорот Аиов Орав потсети на можноста ИПАРД средствата да се користат и за економско јакнење на руралните жени. Преку Програмата 2007-2013, ЕУ додели преку 50 милиони евра за инвестирање во рурални средини.

- Од државата зависи колку интензивно преку овој инструментот ќе се олеснат условите на жената во руралните подрачја - нагласи Орав.

Љубица Џониќ од Федерацијата на фармери истакна дека ФФРМ работи на образованието кај руралните жени.

- Тие поради преголемата ангажираност за семејството, и да сакаат, не можат, немаат време да се школуваат. Мора да ги гледаат децата, домаќинството. Се уште се големи овие традиционални бариери кон кои, дополнително, како проблем се надоврзува и економската слабост на македонското семејство - рече Џониќ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik